Полските медиуми денес лансираа вистинска „бомба“ и тврдат дека Левенадовски го информирал Баерн Минхен дека сака да си замине на крајот на сезоната.
Со оглед на тоа дека договорот на Левандовски со Баерн има уште една година, Баерн ќе мора да го продаде на лето, а веќе почнал да бара негова замена.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Прва желба е напаѓачот на Лајпциг, Кристофер Нкунку. 23-годишниот Французин игра одлично оваа сезона и 42 меча постигна 28 гола и запиша 18 асистенции.
Конкуренцијата за неговиот потпис е огромна, а Лајпциг за неговата слобода бара 60 милиони евра, што нема да претставува проблем за Баварците.