Андреа Ањели, претседатењлот на Јувентус беше еден од најблиските соработници на Флорентино Перез за идејата за формирање на Суперлигата.
Александар Чеферин неколку пати во јавноста зборуваше дека од сите најмногу го разочарал токму Ањели кој го убедувал дека нема ништо, а всушност му работел зад грб.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Во моментите додека Ањели кроел планови за Суперлигата имаше и функции во УЕФА, од кои подоцна си поднесе оставки. Сега тој испрати еден вид порака за помирување кон Чеферин.
„Мислам дека со давањето оставки на сите функции во УЕФА постапив коректно. Чеферин останува човек кој го почитувам и пред се кум на мојата ќерка. Времето ќе ги залечи раните“, изјави Чеферин.