Aјакс вечерва во Амстердам од 21:00 часот го пречекува Јувентус во првиот натпревар од четвртфиналето во Лигата на шампионите.
Тимот кој е хит оваа европска сезона во осминафиналето го елиминираше Реал Мадрид со фантастична победа од 4:1 во Мадрид и тука младиот Ајакс покажа дека не се плаши од никого. Тоа му го порача на Јувентус со видеото кое го објави на официјалниот „Јутуб“ канал.
Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
Холандскиот тим како инспирација го искористи познатиот хит на Армин Ван Бурен. Неговиот спот го спои со исечоци од овогодинешната Лига на шампионите, а главниот
стих од песната „Аnd we don’t even cere what they say“, очигледно станал мото на овогодинешниот Ајакс: „Баш ни е гајле што другите зборуваат“.
Армин Ван Бурен инаку е голем навивач на Ајакс и често пати на Твитер ги честите големите победи на овој клуб.