Дома Офсајд Атрактивната Ива Стојковска ги демантира шпекулациите: Ниту си одам од Вардар, ниту се мажам

Атрактивната Ива Стојковска ги демантира шпекулациите: Ниту си одам од Вардар, ниту се мажам

Познатата ракометарака Ива Стојковска од ЖРК Вардар, која хонорарно работи и како фотомодел и важи за една од најубавите спортистки кај нас, демантира дека ја напушта Македонија и својот матичен клуб, поради мажачка во Америка. Вели дека не само што нема да се мажи, туку дури и нема ниту момче во моментот, а од медиумите дознала дека е „верена“.

24-10-iva-stojkovska1


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„Не планирам да ја напуштам мојата земја и да се селам во Америка. Ја сакам мојата земја, сите мои луѓе се тука, посветена сум максимално на ракометот, а и на моделството.Не се точни приказните дека ќе се мажам, бидејќи немам ниту дечко, но баш би сакала да се вљубам, да го најдам вистинскиот и да бидам млада мајка“ – вели дваесет и пет годишната ракометарка, која почнала да тренира од својата седма година, а веќе со шеснаесет години заиграла во сениорскта репрезентација, лига на шампиони.
Додава дека била среќна затоа што ги почувствувала убавите денови на Кометал Ѓорче Петров, и била дел од него во времето кога беше актуелен шампион и веле сила во Европа. Денес игра во Вардар, но вели дека не е задоволна од моменталната состојба во ракометот.

24-10-iva-stojkovska2

24-10-iva-stojkovska4

,,Не сум воопшто задоволна од третманот кој што го добиваат домашните играчи! Странците кај нас секогаш повеќе се ценат и се форсираат, наместо да биде обратно. Тоа е голем проблем, не само во спортот, туку и во други области. Го сакам ракометот, но свесна сум дека оваа професија не може да биде вечна, најмногу поради возраста, и знам дека еден ден ќе треба да се занимавам и со нешто друго. Како што и е познато на јавноста, модата, фотосесиите и рекламите ми се големо хоби во слободното време, и имам снимено доста реклами за бутици, модни каталози, спотови… Цел ми е еден ден да имам своја модна куќа, и верувам дека ќе го остварам планираното. А кога ќе ми дојде времето за мажење, секако дека радосната вест ќе ја споделам со публиката“ – изјави за ,,Фокус“ Стојковска.

24-10-iva-stojkovska3

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Офсајд

Проверете

Гвардиола не се опушта: Тоа што му се случи на Ливерпул, може да ни се случи и нас

По убедливата победа на Манчестер Сити над Брајтон тимот на Пеп Гвардиола е уште еден чеко…

Најнови спортски вести