Дома Фудбал Атлетико негова прва и последна станица: Капитенот го продолжи договорот со мадридскиот клуб

Атлетико негова прва и последна станица: Капитенот го продолжи договорот со мадридскиот клуб

Шпанските медиуми објавија дека Габи и Атлетико договориле продолжение на соработката.

Иако Габи пред три месеци наполни 34 години, мадридскиот клуб продолжи со политиката на играчите во позрели години да им понуди продолжување на соработката доколку се на задоволувачко ниво.

ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓


Габи е одлучен во намерата Атлетико да биде неговата прва и последна станица во кариерата и сегашниот договор кој му важи до крајот на следната сезона ќе го продлжи на уште една година.

„Атлетико е мојот клуб, мојата куќа и пресреќен сум овде. Сакам навистина со својата игра да му помогнам на тимот“, истакна неодамна Габи.

Во оваа сезона Габи е стандарден во тимот на Диего Симеоне. Одигра вкупно 10 натпревари, од кои два во Лигата на шампионите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

От Реал подготвиле 100 милиони фунти за носителот на „Златната топка“

Раководството на Реал Мадрид размислува да испрати понуда вредна 100 милиони фунти со цел …