Атлетико Мадрид и Баерн Минхен постигнале џентлменски договор, па трасферот на Лукас Ернандез со сигурност нема да биде реализиран во јануари, пренесува „АС“.
Вчера имало средба помеѓу агентите и претставници на двата клуба и било договорено Ернандез да ја заврши сезоната во Атлетико, а на лето да биде донесена конечмна одлука.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Пред неколку дена се појави информација дека Баварците се спремни да ја активираат откупната клаузула на Французинот која изнесува 80 милиони евра. Меѓутоа, Баерн се согласил да се откаже од трансферот во јануари и да седне на преговарачка маса по завршувањето на сезоната.
Од друга страна Атлетико во наредните месеци ќе се обиде да убеди Ернандез да остане и ќе му понуди нов, побогат договор. Доколку Французинот сепак реши да ја промени средината, тогаш Баерн ќе биде во пол-позиција бидејќи му нуди 4-годишен договор и 8,5 милиони евра по сезона.
Bayern have offered a 4 year contract with a salary of €8.5m/year for Lucas Hernández. Atlético cannot match this offer because they have already reached the wage limit set by La Liga [El País] pic.twitter.com/992t1GFiAR
— Bayern & Germany (@iMiaSanMia) December 23, 2018
https://youtu.be/FvYD5mgr0VY