Дома Фудбал Англија Артета: Челзи го има најсилниот состав во ПЛ, оваа недела е клучна за нас

Артета: Челзи го има најсилниот состав во ПЛ, оваа недела е клучна за нас

Meнаџерот на Арсенал, Микел Артета пред натпреварот во Премиер лигата против Челзи најави дека неделата која следи е клучна за неговиот тим.

Артета порача дека не сака да бара изговори, но додаде дека неделата која следи за Арсенал е многу важна за да избегне борба за опстанок.

Вардар сигурен, Шкендија има шанси, Силекс и Работнички тешко! ↓↓↓


„Наредните седум до осум дена ќе бидат клучни за да видиме во која насока ќе одиме во Премиер лигата. Губењето натпревар е моја одговорност и што и да се случува на нас е да ја промениме ситуацијата“, изјави Артета.

Денес Арсенал го чека дуел со Челзи кој е во далеку подобра форма од „топџиите“.

„Кога се зборува за Челзи се зборува за најсилниот состав во Премиер лигата и тоа е тим кој ќе се бори за врвот сигурно. Тоа што го прават добро функционира, кај нас тоа не е случај“, порача Артета.

Арсенал денес од 18:30 часот ќе го пречека Челзи – нашата анализа за овој меч прочитајте тука.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

ПСЖ го засили голманското место со младинскиот репрезентативец на Италија

Освојувачот на Лигата на Шампионите, Пари Сен Жермен, го објави ангажманот преку слободен …