Дома Фудбал Англија Анализа: Битка за Лондон на „Боксинг деј“!

Анализа: Битка за Лондон на „Боксинг деј“!

Боксин деј ни го носи и големото дерби за Лондон како најинтересен натпревар од саботната програма во Премиер Лигата. Дуелот ќе се одигра на Емирати стадионот каде Арсенал ќе му посака добредојде на главниот ривал од главниот град на Англија, Челзи.

Арсенал руши негативни рекорди

Топџиите, кои се наоѓаат на 15-тото место на табелата ќе ја бараат својата прва лигашка победа од почетокот на ноември.


Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓


Резултатите на Арсенал со 14 поени од 14 натпревари оваа сезона е всушност најлош во оваа фаза од сеоната уште од далечната 1974 година. Зборот криза се користи премногу често во фудбалот, но можеби тука е сосем соодветно бидејќи „топџиите“ продолжуваат да се борат со самите себе.

Последен пат Арсенал славеше над Манчестер Јунајтед на гости со 0:1 и од тогаш на седум меча имаат пет порази и две ремија.

Тие покажаа знаци на подобрување во ремито 1:1 против Саутемптон на 16-ти декември, но не можеа да се надоврзат на бодовите бидејќи минатиот викенд претрпеа пораз од Евертон со 2:1, што дополнително го натрупа притисокот врз менаџерот Микел Артета.

„Топчиите“ во вторникот се соочија со Манчестер Сити во четврт-финалето од ЕФЛ-купот, но тоа беше уште еден огромно разочарувачки резултат за клубот бидејќи загубија со 1:4 на домашен терен.

Четири победи, две нерешени средби и осум порази од 14 натпревари оваа сезона е показател за проблемите на тимот, а тие се на само четири бода од зоната за испаѓање во пресрет на Боксинг деј.

„Топчиите“ го имаат петтиот најлош домашен рекорд во Премиер лигата оваа сезона, собирајќи само седум бода од нивните седум натпревари, постигнувајќи само шест гола во тие натпревари.

Дефанзивниот рекорд на тимот оваа сезона беше добар сезонава, примајќи 18 гола на 14 натпревари, што е помалку од Ман Јунајтед (21), Ливерпул (19) и Евертон (19), но тоа очигледно не е доволно за подобри резултати на екипата.

Лампард мора да ги оправда потрошените пари

Во меѓувреме, Челзи е на петтото место на табелата, откако победи на седум, ремизираше четири и загуби на три од своите 14 натпревари оваа сезона, собирајќи 25 бода.

„Сините“ имаа серија од три меча без победа, пред да слават минатиот викенд над Вест Хем со високи 3:0. Победата беше добредојдена пред Боксинг деј и густиот распоред што го очекува тимот на Лампард. Но, за разлика од Артета, Лампард има доста широк кадар на фудбалери и мислам дека на многу олесен начин ќе ги помине овие збиени натпревари.

Екипата на Френк Лампард има два тешки натпревари по овој, бидејќи ќе го пречека опасниот тим на Астон Вила на „Стемфорд Бриџ“ на 28-ми декември пред да го пречека Манчестер Сити во нивниот прв натпревар од 2021 година.

Потоа, Челси ќе стартува во ФА Купот на домашен терен со Моркамб пред патувањето во Фулам во лигата на 15-ти јануари.

Постои притисок врз Лампард да испорача барем уште еден пласман во топ-четири поради брдото на пари што беа потрошени во текот на летото, но би било фер да се каже дека тимот се уште е блиску до врвот и никако не смеат да му се одземат шансите во трката по титулата.

„Сините“ заостануваат само шест бода зад лидерот во лигата Ливерпул, но имаат само три бода пред деветотопласираната Астон Вила, која има два меча помалку од Челзи, што е показател за тоа колку брзо работите можат да се променат поради природата на оваа сезона во Премиер лигата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Дамата ги нагости граѓаните, Милан едвај, Барса го освои Дортмунд

Јувентус запиша голема победа и ја продолжи агонијата на Гвардиола, Милан едвај дојде до п…