Играчот од средниот ред на Андерлехт Самби Локонга ќе биде ново засилување за Арсенал, пренесуваат медиумите на Островот.
21-годишниот играч за врска може да игра на сите позиции во средниот ред и веќе дебитираше за белгиската репрезентација.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Оваа сезона настапи на 31 меча за Андерлехт на кои постигна 3 гола и запиша 3 асистенции, а скаутите на многу европски гиганти го следат веќе подолго време.
Арсенал успеа да ја победи конкуренцијата и веќе го договорил неговипт трансфер. „Топџиите“ за неговиот потпис на Андерлехт ќе му платат 20 милиони евра.
Во следните денови Белгиецот ќе пристигне на лекарски прегледи и ќе стави потпис на 5-годишен договор со „топџиите“.