Јувентус е силно заинтересиран за белгискиот играч за врска, Самби Локонга, кој минатото лето се пресели во Арсенал.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Локонга го загуби местото во првиот тим кај Артета и сака да ја промени средината во потрага по поголема минутажа.
23-годишниот играч за врска може да игра на сите позиции во средниот ред и Алегри сака да го донесе во јануари.
Јувентус го стави Мекени на продажба и Американецот е пред трансфер во Лидс, а „старата дама“ во Локонга гледа идеална замена.
Белгиецот оваа сезона за Арсенал запиша само 12 настапи и инсистира да му биде дозволен трансфер во Јувентус.
„Старата дама“ го сака Локонга на позајмица со право на откуп на лето за 15 милиони евра.