Дома Трансфер зона Официјално: Арсенал се засили со ѕвездата на Андерлехт

Официјално: Арсенал се засили со ѕвездата на Андерлехт

Играчот од средниот ред на Андерлехт Самби Локонга е новото засилување за Арсенал, потврди денес клубот од „Емирати“.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


21-годишниот играч за врска може да игра на сите позиции во средниот ред и веќе дебитираше за белгиската репрезентација.

Локонга оваа сезона настапи на 31 меча за Андерлехт на кои постигна 3 гола и запиша 3 асистенции, а скаутите на многу европски гиганти го следеа.

Арсенал ја доби битката за неговиот потпис и на Андерлехт му плати 17,5 милиони фунти.

„Тоје многу интелигентен фудбалер. Разговарав со Винсент Компани и тој ми кажа позитивни работи за момчето. Веруваме дека е подготвен за новиот предизвик“, изјави тренерот Артета.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…