Дома Трансфер зона Арсенал сака да ја „украде“ големата желба на Јувентус

Арсенал сака да ја „украде“ големата желба на Јувентус

Арсенал покажува силен интерес за ѕведата на Сасуоло и италијански репрезентативец, Мануел Локатели.

Локатели после одличната сезона во Серија А блеска и на ЕУРО, па го привлече вниманието на многу клубови.

Goblin Games - Индустријата за Board Games е во огромен подем! ↓↓↓


Јувентус веќе започна преговори за негов трансфер во Торино, но сега во трката за неговиот потпис се приклучи и Арсенал.

Спортскиот директор на Сасуоло, Џовани Карневали потврди дека Арсенал веќе испратил понуда за Локатели.

„Јувентус е единствениот италијански клуб, кој почна преговори со нас за Локатели. Вистина е дека имаме понуда за Локатели и од еден странски клуб, а тоа е Арсенал. Тоа е единствениот клуб, кој испрати конкретна понуда и веќе ја разгледуваме“, изјави Карневали.

Сасуоло во овој момент бара повеќе од 40 милиони евра за слободата на италијанскиот плејмејкер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…