Арсенал пред неколку години потврди дека ја заврши соработката со Најк, а лондонскиот клуб потпиша договор со Пума.
Овој потег тогаш изненади многумина, но Пума полека почна да го пробива врвот каде со години беа Најк и Адидас. Но, после неколку сезони во Лондон повторно се одлучија на промена и не беше потпишан договор за продолжување на соработката со Пума.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Арсенал денеска на социјалните мрежи објавија дека Пума од наредната сезона нема да бидат дел од овој клуб. Топџиите објавија дека потпишале договор со Адидас и оваа компанија од 1. јули 2019 година ќе биде задолжена за опремата на Арсенал.
Arsenal and adidas have agreed a new kit partnership, effective from July 1, 2019 pic.twitter.com/ceZzq0elgs
— Arsenal FC (@Arsenal) October 8, 2018