Дома Трансфер зона Арсенал му нуди богатство на Обамејанг за да остне на „Емирати“

Арсенал му нуди богатство на Обамејанг за да остне на „Емирати“

Договорот на Обамејанг со Арсенал истекува за една година, па „топџиите“ прават се за да го убедат да остане на „Емирати“.

Обамејанг во неколку наврати одби да ја продолжи соработката со лондонскиот клуб, но „топџиите“ не се откажуваат од намерата.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Лондонскиот клуб му нуди на 30-годишниот Габонец договор до 2023 година со плата од 250.000 фунти неделно, објавија англиските медиуми.

Со оглед на новонастанатата финансиска ситуација тешко дека некој друг клуб ќе може да му понуди ваков договор на напаѓачот, па поради тоа Арсенал се надева дека ќе ја прифати понудата.

Интерес за Обамејанг покажуваат Реал Мадрид, ПСЖ и Интер, но ниту еден од споменатите клубови не е спремен да му понуди толкава плата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…