
Арсенал покажува сериозен интерес за голманот на Барселона, Нето, пренессуваат медиумите на Островот.
Артета е во потрага по голман кој ќе биде алтернатива за Бернд Лено и смета дека 30-годишниот Бразилец ќе биде идеално засилување како втор голман.
Анде Јанков - македонски автор: Тајните на пишување добар крими роман!? ↓↓↓
За голманот интерес пројавуваа и Атлетико, Милан, Бетис и Севиља. Оваа сезона, Нето настапи на само четири натпревари за каталонскиот клуб на кои прими седум гола.
Нето сака да ја промени средината, но негова желба е да премине во клуб каде ќе биде прв избор, па тешко дека ќе се согласи да биде втор голман во Арсенал.