Дома Трансфер зона Официјално: Барселона има нов голман со клазула од 200 милиони евра

Официјално: Барселона има нов голман со клазула од 200 милиони евра

Барселона има нов голман.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Марк Андре Тер Штеген е сигурен помеѓу стативите. Едноставно, тој е помеѓу најдобрите голмани во светот и во Каталонија не помислуваат да бараат нов прв голман.

Барселона денес го потврди трансферот на Бразилецот Нето кој пристигнува да биде резерва на Германецот.

Нето потпиша договор на четири години, а досегашниот чувар на мрежата на Валенсија се пресели на „Ноу Камп“ во зделка вредна 35 милиони евра. 26 милиони евра е фиксната сума која всушност е регулирана со размената за Јаспер Силенсен, а преостанатите девет Валенсија може да ги добие како бонуси во зависност од учинокот на Нето на „Камп Ноу“.

Во неговиот договор Барселона постави откупна клазула во износ од 200 милиони евра.

„Нашата одбрана сега е во добри раце“, стои во објавата на Барселона на друштвените мрежи.

Ќе потсетиме, поради регулирање на финансискиот фер плеј еден ден претходно Силенсен од Барселона премина во Валенсија по истата формула (26+9 милиони евра).

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Барселона го купува промашувањето на Арсенал

Кога Јакуб Кивијор се пресели од Специја во Арсенал за 19 милиони евра во јануари 2023 год…