Скоро сите поголеми шпански медиуми објавија иста вест – Барселона и Валенсија договорија размена!
Наводно, работата е веќе завршена и Јаспер Силенсен од „Ноу Камп“ ќе се пресели на „Местаља“ додека Нето ќе тргне во спротивен правец.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Клубовите нема да потрошат ниту цент на оштета бидејќи е проценето дека двата голмани вредат по 30 милиони евра. Но, интересно е како сето тоа регулирано поради финансискиот фер плеј. Прво Барселона на Велснија ќе и плато 30 милиони евра за купување на Нето на 30-ти јуни, а наредниот ден Валенсија ќе ги врати парите за купување на Силенсен.
Кога во прашање се платите на голманите. Силенсен и во Валенсија ќе ја добива платата која ја имаше во Барселона, а таа е значително поголема од онаа на Нето.
Изгледа во оваа размена најдобро помина бразилскиот голман кој ќе добие три пати поголема плата отколку во Валенсија, а покрај тоа оди во клуб каде што ќе се бори за сите трофеи. Единствено што не е оди во негова полза е што ќе биде втор голман и што нема да брани колку што бранеше на „Местаља“.
Силенсен сакаше да биде прв голман, но покрај Андре Тер-Штеген тоа не беше возможно. Од кога дојде од Ајакс во Барселона во 2016 година бранеше само на 32 натпревари.