„Топџиите“ баш и не сакаат премногу да се „испотат“ во „втората“ европска лига.
Две децении Арсенал беше редовен учесник во Лигата на Шампионите. Арсен Венгер не е навикнат на Лигата на Европа и веројатно тоа за нив оваа сезона ќе биде само шанса за фудбалерите кои не добиваат шанса во Премиер лигата, да покажат што знаат.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Англиските медиуми пренесуваат дека во тимот на Арсенал утре нема да бидат: Петар Чех, Лоран Кошчелни, Александар Лаказет, Дани Велбек, Гранит Џака, Арон Рамзи и Месут Озил.
Ниту еден од овие фудбалери нема здравствени проблеми, но исто така и ниту еден од нив не присуствуваше на последниот тренинг, што беше пртолкувано како план Венгер да ги одмори најдобрите играчи за натпреварот против Челзи кој се игра во недела.