Френк Лампард и понатаму е на клупата на Евертон иако „карамелите“ имаат серија од седум натпревари без победа во Премиер лигата (пет победи и два нерешени натпревари).
Клубот од Ливерпул е претпоследен на половина од шампионатот и за викендот му гостува на Вест Хем. Лампард сака нов напаѓач, Калверт Луин и оваа сезона се мачи со повредите, па затоа на тимот му е потребна нова „деветка“.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Веќе се обидуваа со неколку опции, сакаа да го доведат Запата од Аталанта на позајмица, но клубот од Бергамо ги одби. Следната мета е Марко Арнаутовиќ. Фудбалерот на Болоња кон крајот на овој месец се врати од повреда и игра одлично во Серија А со осум голови на 14 натпревари.
Во Болоња Арнаутовиќ е од 2021 година и има договор до 2025 година. 33-годишниот напаѓач има искуство со играње во Премиер лигата каде што настапуваше за Стоук и Вест Хем. Неговата цена се проценува на околу 15 милиони евра.