Дома Фудбал Италија Ариго Саки: Ако Милан со овој тим го освои Скудетото тоа ќе биде ремек-дело

Ариго Саки: Ако Милан со овој тим го освои Скудетото тоа ќе биде ремек-дело

Легендарниот италијански тренер Ариго Саки ја прокоментира битката за титулата во Серија А.

Интер повеќе не е во пол-позиција откако за малку ќе беше поразен од Торино, сега лидер Милан, трет е Наполи, а Јувентус сериозно се доближи на четвртата позиција со седум бода заостанување зад „росонерите“.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Сепак во разговор за „Газета дело Спорт“ Ариго Саки не го спомена Јувентус, зборуваше за градските ривали од Милано.

„Интер ми изгледа како исцеден лимон, во Торино наидоа на одличен тим и не победија. Има тимови кои го градат својот став околу еден играч, додека други се потпираат на стил кој ја олеснува работата за секој играч. Милан е од вторите тимови затоа што се потпираат на непознати играчи, мораат секогаш да бидат на ниво затоа што го немаат потребното искуство“.

„Ако Милан со овој тим ја освои титулата тогаш тоа ќе биде ремек-дело затоа што екипшата е изградена без големи трошоци. Ми се допаѓа како играат, не се најдобриот тим, но играат најдобар фудбал“, порача Саки.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Детали за трансферот: Арсенал синоќа направи една од најголемите „кражби“ во историјата на Премиер лигата

Еберчи Езе синоќа одбра клуб во кој сака да ја продолжи својата кариера, а во игра беа Арс…