Дома Луд Спорт Арда Туран се тепал во кафана, па му го скршил носот на пејачот

Арда Туран се тепал во кафана, па му го скршил носот на пејачот

Турскиот репрезентативец и Башакшехир Арда Туран, повторно е во центарот на скандал откако имал бурна ноќ во Истанбул.

Имено, Арда Туран предизвика тепачка во ноќен клуб, а во мешаницата настрада локалниот пејач Беркај Шахин, објавија медиумите во Турција.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Според информациите, Арда Туран бил пијан и се обидел да ја заведе девојката на пејачот, кој остро реагирал. Во тепачката Туран му го скршил носот на Беркај.

Пејачот веднаш бил однесен во најблиската болница за итна операција, а неговата девојка откри детали.

„Арда ми пријде, ме допре за раката и ми кажа дека сум убава. Го прашав што му се случува, а Беркај изгледа го слушна разговорот и кажа дека ќе разговараат како двајца мажи откако јас ќе заминам дома. Се сврте кон Арда, а овој веднаш го удри“, изјави вереницата на пејачот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Луд Спорт

Проверете

Хаос на трибините, братот на Јокиќ нападна навивач🎥

Кошаркарите на Денвер синоќа на драматичен начин го совладаа Лос Анџелес Лејкерс во НБА пл…