Дома Фудбал Останато Анчелоти пристигнал во Англија на преговори!

Анчелоти пристигнал во Англија на преговори!

Според информациите на „Скај Спорт“, Карло Анчелоти во текот на вчерашниот ден допатувал во Англија на преговори со Евертон.

Италијанецот минатата недела доби отказ во Неапили, иако овој тим успеа да го одведе во осминафиналето од Лигата на шампионите. Во Неапол беше наследен од Џенаро Гатузо.


Холандија фаворит, Австрија и Турција во неизвесна битка! ↓↓↓


Сега 60 годишниот Анчелоти се споменува како главен кандидат за превземање на Евертон кој неодамна го отпушти Марко Силва. „Карамелите“ му нудат договор до 2022 година.

Анчелоти беше успешен на Островот каде што од 2009 до 2011 година го водеше Челзи. Со „сините“ освои три трофеи, Премиер лигата, ФА Куп и Комјунити Шилд.

Евертон во овој момент се наоѓа на 16. позиција на табелата со само пет победи после 17 кола.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Грузиските фудбалери во Тбилиси дочекани како европски шампиони 🎥

Репрезентацијата на Грузија во својот дебитантски настап стигна до осминафиналето каде што…