Претседателот на Наполи, Ауреслио де Лаурентис решил да му даде отказ на тренерот Карло Анчелоти, тврдат медиумите на Апенините.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Повеќе медиуми тврдат дека Анчелоти ќе добие отказ на 10-ти декември, после последниот меч на Наполи во Лигата на шампиони против Генк. Како фаворит за негов наследник е легендата на Милан, Џенаро Гатузо.
Вчера имало средба помеѓу Анчелоти и играчите која не поминала добро, а тоа е доказ дека тренерската смета е прашање на денови.
Се посочува дека спортскиот директор на Наполи преговара со Гатузо за да открие дали е подготвен да го предводи тимот веднаш или на крајот на сезоната.
Четириесет и едногодишниот Гатузо поднесе оставка на функцијата тренер на Милан на крајот на минатата сезона. Под негово водство екипата го освои петтото место и не успеа да влезе во Лигата на шампионите.
Growing reports #Napoli crunch meeting between squad and Carlo Ancelotti did not go well, so club decided they'll fire him after final #UCL group game and bring in Gennaro Gattuso https://t.co/6qMnL9cowS #SerieA #LFC #AFC #MUFC #PSG pic.twitter.com/zf4uyFSsVB
— footballitalia (@footballitalia) December 3, 2019