Дома Фудбал Лига на шампиони Анчелоти предложи воведување на ново правило: Ќе мораме тоа да го направиме

Анчелоти предложи воведување на ново правило: Ќе мораме тоа да го направиме

Вистинска драма се случуваше на натпреварот помеѓу Реал Мадрид и Валенсија во последното коло од шпанската Ла Лига (2:2). Судијата Манзано досуди крај само некоја секунда пред Белингам да ја погоди мрежата и поради тоа доби суспезнија на најмалку два натпревари во Ла Лига.

Ваква ситуација како и некои други спорни не би се случиле да е воведено правилото на ефективно време кое го предложи славниот поранешен судија Пјерлуиџи Колина. Тој изјави дека би било добро во завршницата од натпреварите времето да се запира во текот на прекините за да се спречи кражба на време, односно одолговлекување.


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Тоа правило не беше прифатено, но судиското продолжение сега е значително продолжено и 100-минутни натпревари сега стануваат нормална појава.

„Правилото за ефективно време ќе мора да почне да се применува наскоро поради ова што се случи во саботата. Концептот на судиското продолжение, односно дополнително време е нејасен и комплциран. Ефективното време е решение“, изјави Анчелоти за медиумите.

Вечерва Реал Мадрид игра против Лајпциг во реванш натпреварот од осминафиналето во Лигата на шампионите. Натпреварот се игра во Мадрид, а „кралевите“ имаат предност од 1:0 по првиот натпревар.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Анчелоти: Реал Мадрид е најголемиот клуб во историјата

Карло Анчелоти е еден од тренерите со најбогата историја и во својата кариера седеш на клу…