Скоро и да не поминува едно коло во Серија А судиите да не привлекуваат внимание, така беше минатиот викенд натпреварот на Интер, а овој пат многу коментари предизвика одлуката на судијата во вчерашното дерби помеѓу Јувентус и Наполи.
„Старата дама“ сега има 16 бодови предност во однос на Наполи и можеме да кажеме дека ќе стигнат до осмото Скудето низа.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Меѓутоа црвениот картон на голманот Алекс Мерет во 25-тата минута крена голема прашина на Апенините. Малкуит направи грешка кога се обиде да ја врати топката кон својот голман. Топката стигна до Роналдо, Португалецот прв стигна до топката, Мерет направи лизгачки старт, а напаѓачот на Јувентус падна на тревникот. Главниот судија Роки без размислување му покажа црвен картон на Мерет и го испрати во соблекувалната.
Меѓутоа на повторените снимки изгледа како Мерет да нема контакт со Роналдо и да има тој е минимален, сепак Роки сметаше дека нема потреба да го проверува ВАР.
This is a penalty. There's no contact but that's because Ronaldo has to jump up to avoid it. It's not rocket science pic.twitter.com/mcJSrBXpPR
— Jax (@jaxLFC88) March 4, 2019
Оваа одлука после натпреварот ја коментираше стратегот на Наполи, Карло Анчелоти.
„Многу контроверзна одлука на судијата. Сигурен сум дека Мерет не го ни допре Роналдо. Направивме грешка, но во таа ситуација бевме престрого казнети. Судијата не гледаше ВАР, а мораше тоа да го направи. Таа одлука нас не чинеше два примени гола. Во второто полувреме кога игравме десет на десет покажавме добра игра и ги притиснавме. Штета што вакви работи од година во година се повторуваат“, изјави Анчелоти.