Дома Фудбал Лига на шампиони Анчелоти: Квалитетот и пожртвуваноста ќе одлучат утре

Анчелоти: Квалитетот и пожртвуваноста ќе одлучат утре

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти пре утрешното финале во ЛШ истакна дека неговиот тим не треба да ја потцени Борусија Дортмунд.

„Можеби ја имаме улогата на фаворит во финалето против Борусија, но успехот на Аталанта во финалето на Лигата на Европа против Баер Леверкузен е доволен аларм како предупредување за нас“, изјави Анчелоти.


Мбапе со маска на победа против Холандија! ↓↓↓


„Најважно е да им пренесам јасни идеи на моите играчи. Колку сум подиректен, толку помалку ќе бидат нервозни моите играчи. Ќе се посветам на тактичкиот аспект. Емоциите ќе дојдат подоцна, а секој ќе се справи со нив на свој начин во зависност од својот карактер. Ќе има негативни емоции пред мечот, но стравот е важен дел за да може добро да ги направите работите. Веќе го покажавме квалитетот и пожртвуваноста на нашиот тим. Тоа ќе бидат двете клучни работи утре“, додаде Италијанецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Австрија ја испрати Полска дома

Репрезентацијата на Австрија со 3:1 ја совлада репезентацијата на Полска и направи голем ч…