Дома Фудбал Останато „Анчелоти и Мбапе беа заложници на Реал Мадрид“

„Анчелоти и Мбапе беа заложници на Реал Мадрид“

По вчерашниот избор на „Златната топка“ која заврши во рацете на Родри од Манчестер сити, денеска најмногу се пишува за потегот на „кралевите“ да ја бојкотираат церемонијата.

„Л’Екип“ денеска жестоко ги критикуваше „кралевите“ за одлуката на Перез никој да не се појави во Париз.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Исто така тие посочуваат дека во целата ситуација штета е нанесена и на Карло Анчелоти и Килијан Мбапе кои требаше да ги подигнат своите награди.

„Пораз на изборот и морален пораз. Реал Мадрид не сака да признае дека освојувачот на „Златната топка“ не е однапред познат и дека тоа не е ниту еден од нивните фудбалери. Клубот ги направи Анчелоти и Мбапе кои беа победници свои заложници. Ваквиот потег сведочи дека во Мадрид немаат класа. Како губитници ги прегазија сите вредности на спортот кои значат почитување на победникот“, стои во текстот на францускиот медиум.

Мбапе ја подели наградата „Герд Милер“ за најдобар стрелец со Хари Кејн, додека Карло Анчелоти стигна до трофејот „Јохан Кројф“. Исто така Реал Мадрид беше прогласен и за најдобар клуб.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

„Бомба“: Еден од најголемите ривали на Ѓоковиќ стана негов тренер!

Новак Ѓоковиќ го потврди својот нов тренер и тој е големо изненадување. Имено во подготовк…