Дома Трансфер зона Анчелоти го носи Локатели во Реал Мадрид

Анчелоти го носи Локатели во Реал Мадрид

Карло Анчелоти се врати на клупата на Реал Мадрид, веќе разговарал со Флорентино Перез и ја посочил првата трансфер желба.

Анчелоти сака да го подмлади средниот ред и да донесе алтернатива за Модриќ, кој сигурно ќе остане и следната сезона, но веќе има 35 години.

Goblin Games - Индустријата за Board Games е во огромен подем! ↓↓↓


Италијанскиот медиуми пишуваат дека наследник на Модриќ ќе дојде од Серија А, а станува збор за Мануел Локатели.

Италијанскиот репрезентативец важи за голем талент и е голема трансфер желба на Јувентус, но после блескавите партии на ЕУРО во трката се вклучи и Реал Мадрид.

„Старата дама“ не е спремна да плати 40 милиони евра, па ситуацијата сака да ја искористи Реал и да му ја исполни желбата на Анчелоти.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…