Дома Фудбал Лига на шампиони Анчелоти: Враќањето во Мадрид е специјално, Реал има страшен тим!

Анчелоти: Враќањето во Мадрид е специјално, Реал има страшен тим!

Тренерот на Баерн Минхен, Карло Анчелоти е среќен што ќе игра против својот поранешен тим, Реал Мадрид во четвртфиналето од Лигата на шампиони.

Италијанецот вели дека враќањето на „Сантиаго Бернабеу“ ќе биде емоциоанлно за него, но тврди дека нема да биде предност за Баварците фактот што тој добро ги познава „кралевите“.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„Го познавам Реал Мадрид многу добро и знам дека ќе биде многу тешко. За мене престојат два емоционални натпревари. Нема тајни меѓу нас, ние сакаме да ја освоиме Лигата на шампиони, а исто и тие. Ќе биде многу тешко, но имаме шанси“, истакна Анчелоти.

„Реал е многу тежок противник. За мене ќе биде специјално тоа што се враќам во Мадрид, но не мислам дека е предност тоа што добро го познавам Реал. Јас добро ги познавам сите тимови во Европа. Противникот располага со страшен тим и има фантастичен тренер“, заклучи Карло.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Чави е пред договор со новиот клуб!?

Чави Ернандез се уште стои на ставот дека заминува од Барселона на крајот на сезоната, рак…