Aнтологиски тениски меч на Мастерсот во Рим. Еден од оние кои долго ќе се паметат.
Во главна улога беа Новак Ѓоковиќ и Стефанос Циципас. Тие го играа мечот од четвртфиналето на Мастерсот во италијанската престолнина. Конечниот резултат на крајот гласеше 2:1 за Ѓоковиќ после три ипол часа тенис.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Првиот сет донесе голема борба, а Циципас ја искористи својата прилика и одличната игра ја куниса со освојување на првиот сет со 4:6. И во вториот сет грчкиот тенисер играше добро, имаше предност од брејк и изгледаше дека се ближи елиминација на Новак.
Сепак тогаш најдобриот светски тенисер се врати на спектакуларен начин. Го сврти резултатот во сетот кој траеше 65 минути и го доби со 6:5 за израмнување во сетови на 1:1.
Во третиот сет следуваше нова драма.
Повторно Циципас одлично го отвори сетот. Ноле се држеше, Гркот успеа да дојде до уште една предност и сервис за меч, но погодувате што се случи. Ноле повторно се враќа и со 5:4 и со сервис на Циципас го враќа мечот во егал на 5:5. Се влезе во неизвеснба завршница.
Во финишот на третиот сет на сцена стапи неверојатниот Ѓоковиќ кој дојде до брејк и го освои сетот со 7:5 за конечни 2:1.
Ова сигурно беше еден од најдобрите мечеви на Мастерс турнирите во последните години.