Поранешниот играч за врска на Јувентус, Андреа Пирло во интервју за „Скај Спорт“ помеѓу другото ги прокоментира и шансите на „старата дама“ во Лигата на шампионите.
Пирло смета дека постојат пет тимови кои ќе се борат за титулата шампион на Европа и помеѓу нив не го смести Реал Мадрид.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Постојат четири или пет тимови кои ќе се борат за титулата во Лигата на шампионите, а тука спаѓа и Јувентус. Освен нив тука се Барселона, Манчестер Сити и Баерн Минхен. Горе-долу тоа се главните фаворити оваа сезона“, изјави Пирло кого новинарите го запрашаа и за исведувањето на слободни удари во Јувентус.
Во конкуренција секако се Паоло Дибала, Миралем Пјаниќ и Кристиано Роналдо.
„Роналдо, Пјаниќ или Дибала? Јуве сега има одличен избор, сите тројца се добри изведувачи, но мислам дека приоритет ќе биде Роналдо“, порача популарниот „Моцарт“.