Дома Трансфер зона Англичаните тврдат: Арсенал договорил засилување од Атлетико – познати и личните услови!

Англичаните тврдат: Арсенал договорил засилување од Атлетико – познати и личните услови!

Aрсенал во досегашниот дел од преодниот рок доведе едно засилување, станува збор Вилијан кој како слободен играч дојде од Челзи.

„Топџиите“ се во преговори со неколку играчи за кои Артета смета дека би можеле да го подигнат квалитетот на екипата.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Како што пренесуваат англиските медиуми, договор е постигнат со Томас Парти, сегашниот играч на Атлетико Мадрид.

Според она што е објавено во англиските медиуми Арсенал ќе ја плати откупната клазула во неговиот договор која изнесува 50 милиони евра, личните услови со Парти наводно се веќе договорени..

Целата зделка би требало да се заврши до крајот на август или во првата недела на септември кога Парти би бил претставен како нов играч на Арсенал.

Објавени се и детали за неговите лични услови. Се пишува дека ќе потпиша договор на четири години според кој ќе зарабптува 200.000 фунти неделно.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Абердин ја одредил цената за Миовски

Македонскиот голгетер Бојан Миовски во летниот преоден рок дефинитивно ќе биде интересен з…