Дома Топ вести Англичаните сигурни – Меси и Роналдо ќе играат градско дерби во Манчестер!

Англичаните сигурни – Меси и Роналдо ќе играат градско дерби во Манчестер!

Реал беше спремен да го продаде Кристиано Роналдо, но трансферот наводно порпаднал бидејќи Мбапе не приситигна во Мадрид. Медиумите тврдат дека и Роналдо имаше желба да замине ова лето и тоа да се врати во Манчестер Јунајтед.

Преодниот рок заврши, Роналдо остана, но сега постои проблем бидејќи бара поголема плата, иако неодамна потпиша договор до 2021 година На Флорентино Перез му е доволно, наводно и Зидан смета дека Реал би можел без Роналдо, тоа би му дало повеќе простор на Марко Асенсио.


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Следното лето можно е токму Португалецот, а не Герет Бејл да го напушти клубот, но, Роналдо би се согласил само да се пресели во Манчестер Јунајтед. Од другата страна, ситуацијата околку Меси е посигурна, доколку во Барса ништо не се промени, доколку работите одат надолу и доколку Бартомеу остане претседател, тој би можел да си замине како слободен играч.

Тој е незадоволен од се што се случи, го обвинува клубот поради заминувањето на Нејмар, незадоволен е со фактот дека ова навистина беше лето со многу големи неуспеси. Покрај тоа, клубот не успеа да се ослободи од играчи кои Меси ги нарече како некој кој не го исполнува стандардот на Барселона, пред се за Алкасер и Андре Гомеш.

Според медиумите, шансата постои, двајцата најдобри фудбалери во светот да ги променат клубовите. И единствено каде што ќе се најдат себеси е во Манчестер, во градското дерби, од каде што медиумите би го направиле најголемиот удар во историјата на фудбалот.

Не зависи само од нив, јасно, особено кога станува збор за Роналдо, но ќе видиме дали Барселона и Реал ќе се решат да свртат нова страница во историјата. Кој знае, ова лето видовме дека во фудбалот сега апсолутно се е можно.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Реал го сака бекот на Манчестер Јунајтед

Реал Мадрид е во потрага по десен бек кој ќе биде долгорочна замена за Картвахал и тоа ќе …