Ливерпул и Арсенал се заинтересиран за дефанзивецот на Спортинг Лисабон, Нуно Мендеш, пренесуваат англиските медиуми.
18-годишниот дефанзивец е младински репрезентативец на Португалија и важи за еден од најголемите таленти во Европа.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Мендеш може да игра како лев бек и како стопер, а за него интерес покажуваат многу европски гиганти, пред се Ливерпул и Арсенал.
Неодамна Мендеш потпиша професионален договор со Спортинг Лисабон до 2025 година, а во него е поставена откупна клаузула од 45 милиони евра.
Во сезоната 2019/20, Нуно Мендеш одигра 17 натпревари за Спортинг У23, еден натпревар за екипата на У19, а исто така запиша и 9 настапи за првиот тим на Спортинг.
Европските гиганти веќе ја започнаа битката за неговиот потпис и се очекува Мендеш на лето да направи голем трансфер.