Возачот на Мекларен, Фернадо Алонсо, нема повеќе нерви да се бори со проблемите со кои се соочува тимот. Во разговор за медиумите рече дека нема трпение да ги дочека подобрите денови на Мекларен.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
„Можеби сум на крајот на својата кариера во Формула 1. Имам 35 години, освоив 16 трофеи и на мојата кариера и се ближи крајот. Колку сум уште подготвен да чекам? Сигурно не уште многу“, изјави Алонсо.
Мекларен сака Шпанецот да остане во тимот и во 2018 година, додека Алонсо бара гаранции дека тимот ќе стане конкурентен.
„Не губам надеж дека ќе победувам, ќе освојам титула, но повеќе не можам. Треба да знам какви се нашите можности за да ја продолжам соработката“, додаде двократниот светски првак.