Победата на Македонија во Дуизбург долго ќе се памети и ќе се раскажува, нашата селекција на гости го совлада четирикратниот светски шампион со 1:2.
Еден од нашите најважни играчи во репрезентацијата е Езгјан Алиоски од Лидс.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„На натпреварот во Германија отпатувавме со многу желба, сите сакавме да покажеме што знаеме. Одигравме одлично тактички и ова беше победа која долго ќе се памети. Ниту една балканска земја не ја победила Германија, а малата Македонија успеа во тоа. Мора да уживаме во овој триумф, верувам дека вечно ќе се памети“.
Алиоски истакна во што е најголемиот квалитет на нашата репрезентација.
„Имаме многу квалитет и таленти, стартните 11 играат во странство и тоа сигурно дека многу ни помага. Имаме самодоверба, веќе пет-шест години сме заедно. Сите сме повеќе од колеги и соиграчи, пријатели сме едни со други и имаме една обединета група“.
Европското првенство со нетрпение го очекува.
„Рано е да се зборува, а кога ќе дојде знам дека ќе бидеме полни со емоции, дури и за еден Пандев кој ја освоил Лигата на шампионитез. Ова е прво Европското првенство и затоа ќе уживаме“, изјави Алиоски.