Дома Македонски спорт Алили: Мојот сон сега е медал на Олимписките игри!

Алили: Мојот сон сега е медал на Олимписките игри!

На плоштадот „Скендербег“ вчера беше пречекан Бесар Алили кој стана европски шампион во борење.

На пречекот на Алили присуствуваше градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов како и голем број граѓани кои се собраа да го поздрават успехот на Алили.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Пречекот го организираше општината Чаир и неговиот боречки клуб „Лирија“. Градоначалникот на општина Чаир му додели плакета, а првиот човек на Скопје, Петре Шилегов покрај стипедијата која веќе ја има му вети и дополнителна парична помош.

„Господ ми помогна да победам во финалната борба. Верував дека ќе победам, но ова не е ништо, мојот сон сега е настап и медал на Олимписките игри“, изјави Алили на пречекот.

Алили стана шампион во борење во слободен стил во категоријата до 48 килограми.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Македонските ракометарки поразени од Хрватска

Женската ракометна репрезентација загуби од Хрватска со 18-26 во рамки на турнирот „Кроаци…