Александар Тодоров денеска официјално беше претставен како но селектор на кошаркаркарската репрезентација.
Македонскиот тренер денес стави потпис на 18-месечен договор и се надева дека ќе обезбеди пласман на ЕП 2021.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Квалификациите ќе ги започнеме на 20 февруари дома против Естонија, ривал кој што можеби ќе ни биде решавачки за пласман на континенталниот собир, а три дена подоцна гостуваме кај Русија.
„Ова е еден момент каде покрај барањето пласман на ЕП треба и да се подмлади репрезентацијата бидејќи имаме неколку генерации на младински селекции кои успешно се натпреваруваа на првенствата. Имаме некои млади играчи кои успешно настапуваат во македонското првенство и странство. Подмладување на репрезентација можеби звучи како алиби, но не е така, тоа е потреба да им се даде шанса на тие деца кои за 3-4 години треба да бидат основниот костур на репрезентацијата“, истакна Тодоров.
Тодоров претходно ги предводеше екипите на Крајова, Левски Софија, МЗТ Скопје, Пеќ, Динамо Букурешт, Балкан…