Eдна недела откако заврши квалификацискиот циклус за пласман на Европското првенство во 2022 година раководството на федерацијата ќе се обрати до јавноста со анализа на сработеното.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
“Конференцијата ќе се реализира на 3.март (среда), со почеток во 10:00 часот, во Конгресниот центар на А1 Арената „Борис Трајковски” во Скопје.
На прес-конференцијата ќе бидат присутни Претседателот, Перо Антиќ, Генералниот секретар Владимир Георгиевски, и Спортскиот директор на федерацијата, Тодор Гечевски.
Преку посебна видео-конференциска врска, ќе говори и селекторот на машката сениорска репрезентација, Александар Тодоров“, стои во соопштението.