Дома Фудбал Италија Алегри: Ќе ни биде уште потешко после поразот на Милан во ЛШ

Алегри: Ќе ни биде уште потешко после поразот на Милан во ЛШ

Тренерот на Јувентус, Масимилиано Алегри очекува утрешното дерби против Милан да биде уште потешко после тешкиот пораз на „росонерите“ од Челзи во ЛШ.

Меѓутоа, Алегри верува во позитивен резултат на „Сан Сиро“ бидејќи неговиот тим влегува во добра форма.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Играме против италијанскиот шампион. Ќе биде уште потежок меч после нивниот пораз во Лондон во Лигата на шампиони, бидејќи Милан ќе сака да се реваншира. Покрај тоа очекувам возбудлив меч и ги имаме сите услови за да одиграме добро“.

„Оваа сезона немаме победа на гости и верувам дека утре може да биде првата. Загубивме пет бода против Салернитана и Монца и треба да ја надохнадиме разликата во бодови. Ова е одлична можност бидејќи играме со директен конкурент. Ни треба континуитет во резултатите за полека да се искачуваме на табелата“, изјави Алегри.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Шпанската фудбалска федерација доби нов претседател

Досегашниот потпретседател на Шпанската фудбалска федерација Педро Роча е избран денеска з…