Дома Фудбал Лига на шампиони Алегри: Штета што не победивме, но имаме добри шанси

Алегри: Штета што не победивме, но имаме добри шанси

Во прекрасен натпревар Јувентус и Тотенхем одиграа 2:2 и одлуката за патникот во четврфиналето ќе падне во Лондон.

Јувентус рано дојде до водство со 2:0 со головите на Игуаин, но Кејн и Ериксен подоцна постигнаа голови за конечни 2:2 и сега дефинитивно се е отворено.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


„Беше тоа добар натпревар, Јуве направи неколку грешки, но главно поради притисок. Буфон имаше добри одбрани, имавме прилика да зголемиме на 3:0. Знаеме дека ќе имаме проблеми, но ќе се обидеме да победиме во реваншот.“ – рече Алегри и додаде:

„Премногу се опуштивме при резултат 2:0, но и Тотенхем играше добро и покажаа дека не случајно се меѓу 16 најдобри. Штета што не победивме, но и натаму имаме добри шанси за четвртфинале.“

 

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

„Билд“: Ѕвезда на Дортмунд лаже за својата возраст – има 24, а не 20 години!

Јусуфа Мукоко е 20-годишен напаѓач на Борусија Дортмунд кој моментално е на позајмица во ф…