Неодамна италијанските медиуми пренесоа дека Јувентус е заинетресиран за младиот дефанзивец на Милан, Алесио Ромањоли, а сега тренерот на „старата дама“ додатно ги разгоре шпекулациите.
Имено, „старата дама“ во Ромањоли гледа идеален наследник на Џорџо Киелини, кој е на залез на кариерата, па сака да го донесе во своите редови.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Тренерот на Јувентус, Масимилиано Алегри изјави дека Ромањоли е најдобриот млад фудбалер кој го има Италија и додатно ги разгоре шпекулациите.
„Ругани и Ромањоли се двајца млади фудбалери кои се иднината на италијанскиот фудбал. Според мене Ромањоли е најдобриот млад италијански фудбалер“, изјави Алегри.
Сепак, тешко дека Милан ќе се откаже од својот дефанзивец бидејќи во летниот преоден рок одби понуда од 55 милиони евра за 23-годишниот Италијанец.