Секојдневно во италијанските медиуми Масимилијано Алегри се поврзува со заминување од Манчестер Јунајтед.
Навивачите на Јувентус не се задоволни од стилот на игра кој го форсира Алегри и многумина очекуваат Алегри да замине ако не го помине Атлетико Мадрид во осминафиналето од Лигата на шампионите (пораз во првиот натпревар 2:0).
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
На конференцијата за медиуми пред утрешното дерби против Наполи (20:30 часот), Алегри зборуваше и за своето евентуално заминување.
„На крајот од сезоната како и секогаш ќе разговарам со претседателот на клубот. Тогаш ќе одлучиме дали ќе продолжиме заедно или секој ќе тргне по свој пат“, изјави Алегри.
Алегри зборуваше и за повредата на Кристиано Роналдо за кого постоеа најави дека може да го пропушти натпреварот против Наполи.
„Роналдо тренираше со тимот и ќе игра против Наполи. Сами Кедира ќе мора да помине уште некои тестирања. Се надевам дека ќе го имам и Даглас Коста на за Атлетико, додека Хуан Квардардо се уште е далеку од опоравување“.
Алегри очекува Наполи да го нападне Јувентус.
„Не очекува важен натпревар во кој би можеле да ги зголемиме шансите за освојување на Скудетото. Ова е голем натпревар и за Наполи бидејќи имаат огромна желба да не победат и да докажат дека можат да се надигруваат со нас. Мислам дека ова ќе биде поинаков натпревар од оние во претходните години“, изјави Алегри.
Max Allegri complained #Juventus “expectations are based outside of reality” in the Champions League, while predicting a highly-motivated #Napoli https://t.co/6oeMaogjsH #NapoliJuve #NapoliJuventus #Atleti #UCL #SerieA pic.twitter.com/f7EJIkfDn6
— footballitalia (@footballitalia) March 2, 2019