Jувентус и Милан одиграа 1:1 во дербито на колото од четвртото коло во Серија А.
„Старата дама“ поведе со голот на Мората во 4. минута и водеше се до 15. минути пред крајот. Тогаш Тонали нафрли од корнер на петарецот, Ребиќ беше повисок од Локатели и Киелини и стрелаше за 1:1.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
По натпреварот со завршен коментар излезе тренерот Масимилијано Алегри.
„Лут поради она што се случи денес, но во првото полувреме бевме добри, создававме шанси. Во второто после примениот гол ризикувавме дури и да го изгубиме натпреварот, до тој гол се беше во ред, имавме контрола“.
„За жал не бевме доволно сконцентрирани и доволно одлучи. Погледнете го коронерот од кој примивме гол, бевме пренесериозни во одбраната. Тоа мораме да го поправиме, меѓутоа не треба да заборавиме дека екипата направи чекор напред“, изјави Алегри.