Бразилецот од редовите на Јувентус, Дани Алвеш, ужива во овие моменти на слава.
Алвеш минатото лето замина од „Ноу Камп“, после осум години и 23 освоени трофеи, дојде во Јувентус и веројатно го направи вистинскиот потег.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Со „бјанконерите“ во сабота ќе има прилика да стигне до триплета, а доколку во тоа успеаа ќе биде запаметено дека на патот до врвот помина и преку Барса. „Старата дама“ во ¼ финалето ја елиминираше екипата на Барселона. Алвеш враќањето на „Ноу Камп“ го доживеа многу емотивно, а призна дек не му било сеедно да ги гледа своите поранешни соиграчи во солзи.
„Нејмар толку многу плачеше што морав да го прегрнам. Во тој момент и јас пуштив солза“, искрен беше Бразилецот.
Тој не крие дека Барса и понатаму “тече“ во неговите вени, но додаде и дека никогаш нема да и прости на управата.
„Мислам дека многу згрешија со мене. Веројатно не се постапува така со некој кој поминал осум години во клубот и учествувал во големи успеси. Пред да заминам им ветив дека ќе им недостасувам, сметам дека веќе го исполнив тоа ветување“, изјави Алеш.