Дома Фудбал Останато Алба ги предупреди Мбапе и Халанд: Дортмунд и ПСЖ не исто како Барселона или Реал

Алба ги предупреди Мбапе и Халанд: Дортмунд и ПСЖ не исто како Барселона или Реал

Пред нас е жешко лето кога во прашање се фудбалските трансфери.

Се очекува двајцата најдобри млади играчи Ерлинг Халанд и Килијан Мбапе да ги променат клубовите. На Французинот му истекува договорот со ПСЖ и бесплатно би требало да се пресели најверојатно во Реал Мадрид. Ситуацијата кај Халанд е нешто повеќе комплицирана, Норвежанецот има договор со Борусија Дортмунд, но во него постои има откупна клазула од 75 милиони евра.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Покрај Мбапе и Халанд се поврзува со Реал Мадрид, но во игра е и Барселона, а фудбалерот на Каталонците Жорди Алба испрати предупредување до младите фудбалери.

„Мбапе и Халанд? Не можам да кажам кој од нив е подобар, но знам дека играњето за Дортмунд и ПСЖ не е исто како да играте за Барселона и Реал, станува збор за двата најголеми клубови“, изјави Алба.

Жорди Алба и Шпанија вечерва ги очекуваат пријателски натпревар против Албанија, а кога во прашање се Халанд и Мбапе ќе го почекаме летото да видиме што ќе ни донесе.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Донарума се договори со Сити

Манчестер Сити постигна договор со италијанскиот голман Џанлуиџи Донарума, во врска со дог…