Дома Македонски спорт АК Делта победник на сениорскиот куп на Македонија во атлетика

АК Делта победник на сениорскиот куп на Македонија во атлетика

Изминатиот викенд (31 јули – 1 август) на атлетската патека во Скопје со специјален протокол и почитување на мерките за справување со ковид-19 се одржа сениорскиот куп на Македонија. Како севкупен победник заврши АК Делта со освоени 68 поени, АК Куманово го завзема второто место со освоени 50 поени, додека пак како третопласиран заврши АК Охрид со освоени 43 поени.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Во машка конкуренција пласманот на првите три клуба беше следен: АК Студенти-35 поени, АК Охрид-32 поени и АК Делта-27 поени.

Во женска конкуренција: АК Делта-41 поен, АК Куманово-40 поени и АК Работнички 24 поени.

Ова претставува прва титула на АК Делта во натпреварувањата на атлетска патека, кој инаку е претпознатлив по шампионските титули во крос-кантри и натпреварите во планинско трчање.

Атлетските натпревари се очекува да продолжат во средина на август, но сето тоа ќе зависи од мерките кои ќе бидат донесени во меѓувреме.

Целосните резултати може да ги погледнете подолу или на овој ЛИНК

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Во РК Вардар пристигна засилување – „Mozzart“ нов спонзор на клубот

Најтрофејниот македонски ракометен клуб Вардар 1961 во актуелната сезона е лидер во машкат…