Поранешниот соиграч на Роналдо, Патрис Евра се присети на деновите кога се дружеше со денеска еден од најдобрите играчи на светот. Французинот тврди дека не е нормално колку овој фудбалер посветува внимание на исхраната и здравиот начин на живот.
Евра и Роналдо играа во Манчестер Јунајтед, а за ITV Французинот откри некои интересни работи поврзани за популарниот играч на Реал Мадрид.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
„Еве совет за сите – кога ќе ве повика Кристијано Роналдо на ручек, одбијте го, само кажете не. Не го кажувам тоа поради храната, но тоа изгледа како да сте повикани на тренинг.“ – изјави Евра и додаде:
„Ме повика да идеме кај него на ручек после тренинг, бев навистина уморен, на масата имаше само салата и пилешка супа, од пиење само вода. Почнавме да ручаме, а ја мислев дека главното јадење ќе дојде подоцна, но од тоа ништо. Тој заврши со јаденњето и почна да си игра со топката. Откако завршив со јадењето, почнавме да се додаваме.“
„Тој е машина, никогаш не престанува да тренира. Навистина, се што освои до сега го заслужи бидејќи е неверојатен работник.“