Манчестер Јунајтед до овој момент е единствениот клуб од англиската елита кој нема официјално потврдено пристигнување на некој играч.
Една од главните мети на клубот од „Олд Трафорд“ е Френки Де Јонг. Јунајтед според информациите веќе испратил една понуда од 60 милиони евра, плус бонуси, но тоа не е доволно за челниците на „црвените ѓаволи“.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Сепак, во Јунајтед не мислат лесно да се откажат и се најавува дека ќе се обидат со понуда од 75 милиони евра. Но, во клубот имаат и план „Б“ ако во Барселона не ја прифатат понудата.
Наводно, Теун Купмајнерс кој е исто така Холанѓанец е алтернатива за Де Јонг. Централниот играч за врска кој е од школата на Аз Алкмар во Аталанта пристигна минатото лето и би можел да ги чини „ѓаволите“ околу 50 милиони евра.
Станува збор за фудбалер кој може да игра на повеќе позиции во средниот ред и да помага на одбраната. Сепак, како што споменавме прва опција е Де Јонг, па ако и дефинитивно не успеат ќе тргнат по потписот на Купмајнерс.