Дома Фудбал Останато Ако не случи „чудо над чудата“ Меси ќе освои големо признание

Ако не случи „чудо над чудата“ Меси ќе освои големо признание

messi

Борбата за најдобар стрелец во Европа за 2018 година се уште не е официјално завршена , но после натпреварот помеѓу Јувентус и Сампдорија јасно е кој ќе го понесе тоа големо признание.

Титулата за најдобар стрелец во календарската година ќе му припадне на Лионел Меси кој постигна 51 погодок за Барселона и Аргентина, додека Кристиано Роналдо со денешните два стигна до бројката од 49 погодоци.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Најголема конкуренција на Португалецот и Аргентинецот им правеа Роберт Левандовски (46) и Мохамед Салах (42), па така можеме да кажеме дека теоретски само уште Салах има шанси, но треба против Арсенал да постигне 10 погодоци.

Лионел Меси ја завршува годината со споменатиот број на голови, освоена титула во Примера, шпански куп и Суперкуп, европска „Златна копачка“ и титулата за најдобар играч во Примера за 2017/2018.

Кристиано Роналдо во изминатата година ја освои Лигата на шампионите со Реал Мадрид и беше најдобар стрелец во најелитното европско натпреварување.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Мбапе не погодува ни од пенал, Реал тоне🎥

Реал Мадрид загуби на гостувањето кај Ливерпул и додатно ја продлабочи кризата, а во Лигат…